среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 55

„Војна на ѕвездите: Силата се биди“ во кино Милениум

„Војна на ѕвездите: Силата се биди“ во кино Милениум

„Војна на ѕвездите: Силата се биди“ во кино Милениум

Последни вести

Утревечер 17.12.2015 година, четврток,

Филмот ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES), премиерно ќе биде прикажан утре во 20 часот, во кино Милениум, а публиката ќе има можност да избере дали филмот ќе го гледа во стандардниот 2Д формат (во терминот од 22.30) или пак во 3Д формат (во терминот од 20.00).

ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES) премиера 17.12. (четврток)

режија: J.J. Abrams

улоги: Harrison Ford, Mark Hamill, Carrie Fisher, Daisy Ridley

времетраење: 135′

жанр: Акција, авантура, научнафантастика

Триесет години по победата на бунтовниците галаксијата сè уште е во војна. Новата Република се раѓа, но од урнатините на Империјата се раѓа и Новиот поредок. Некои од старите херои како Леа, Хан Соло, Чубака, R2-D2 и C-3PO сè уште се активни во борбата против Отпорот. Ним им се придружуваат новите херои: одличниот пилот По Дамерон; Фин, поранешен припадник на белите војници на Империјата; „чистачот“ Реј и дроидот BB-8. Тие се во борба против моќниот непријател, чии борци се Капетан Фазма и Кајло Рен, страшниот и мистериозен воин од темната страна на силата вооружен со црвен светлечки меч со необичен дизајн.

Втората премиера во кино Милениум е  анимираната адаптација на безвременското прозно дело МАЛИОТ ПРИНЦ (THE LITTLE PRINCЕ) – новитет кој ќе ги задоволи вкусовите на најмладата публика.

МАЛИОТ ПРИНЦ (THE LITTLE PRINCЕ)- премиера 19.12. (сабота)

режија: Mark Osborne

улоги: Rachel McAdams, Marion Cotillard, Paul Rudd, Jeff Bridges, Benicio Del Toro, James Franco

времетраење: 108′

жанр: Анимација, фантастика

Едно мало девојче живее со својата мајка, која сака да се увери дека ќерка ѝ е подготвена за во светот на возрасните. Еден ден, нејзиниот сосед, авијатичар, го внесува девојчето во фантастичниот свет каде што сè е возможно – во светот на Малиот принц.Таму започнува магичното и емоционално патување на девојчето низ нејзината имагинација, започнува универзумот на Малиот принц. Во него девојчето го открива своето детство и дознава дека во основа најважни се врските меѓу луѓето и дека можат да бидат видени само со срцето.

На репертоарот на кино Милениум љубителите на филмот ќе може да гледаат:

ЧЕТВРТОК – ПЕТОК (17.12.-18.12.):

13:00 -ФРАНКОФОНИЈА  (FRANCOFONIA)

15:00 -ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ: МОКИНГЏЕЈ – Дел 2 3Д (THE HUNGER GAMES: MOCKINGJAY – Part 2 3D)

17:30 – ВО СРЦЕТО НА МОРЕТО 3Д (IN THE HEART OF THE SEA3D)

20:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES 3D)- Премиера

22:30 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES)

 

САБОТА – НЕДЕЛА(19.12.-20.12.):

11:00 -ДОБРИОТ ДИНОСАУРУС (THE GOOD DINOSAUR)

13:00 -МАЛИОТ ПРИНЦ (THE LITLLE PRINCE)

15:00 -ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ: МОКИНГЏЕЈ – Дел 2 3Д (THE HUNGER GAMES: MOCKINGJAY – Part 2 3D)

17:30 – ВО СРЦЕТО НА МОРЕТО 3Д (IN THE HEART OF THE SEA3D)

20:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES 3D)

22:30 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES)

 

ПОНЕДЕЛНИК– СРЕДА (21.12. -23.12.):

13:00 -ФРАНКОФОНИЈА  (FRANCOFONIA)

15:00 -ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ: МОКИНГЏЕЈ – Дел 2 3Д (THE HUNGER GAMES: MOCKINGJAY – Part 2 3D)

17:30 – ВО СРЦЕТО НА МОРЕТО 3Д (IN THE HEART OF THE SEA3D)

20:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES 3D)

22:30 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES)

 

 

Најчитани вести