НБА: Коби ги “сруши” Бакси, Кливленд славеше во Бостон

Само неколку дена откако му го нанесоа првиот пораз на Голден Стејт, Бакси синоќа делуваа дезорганизирано на теренот, а искусниот Брајант знаеше како да го искористи тоа.

Тој постигна 22 поени и 6 асистенции за 27 минути игра, шутирајќи над 50% од поле (7/15) и немаше промашување од линијата за слободни фрлања (5/5).

Д’Анџело Расел исто така одигра квалитетен меч и со 19 поени беше значаен фактор за победата, додека кај Милвоки најефикасен беше Картер-Вилијамс со 19 поени.

Кливленд немаше тешка задача на гостувањето во Бостон, каде актуелниот вицешампион забележа победа од 77:89.

Одличната одбрана во второто полувреме, кога Бостон за 24 минути постигна само 31 поен, беше главен фактор за оваа победа, додека во фазата на нападот најпрецизни кај Кливленд беа Леброн Џејмс со 24 и Кевин Лав со 20 поени.



НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Милвоки 113:95
Сакраменто – Хјустон 107:97
Бостон – Кливленд 77:89
Минесота – Денвер 100:112.