Твенте заработи драстична казна – три години надвор од европските натпреварувања

Иако станува збор за компанија која се уште има врски со Атлетико Мадрид, Севилја, Валенсија, Порто и Бенфика, Холандската Фудбалска Федерација оцени дека “Твенте намерно додал клаузули во договорот за да го измами Комитетот за лиценци”.

Поради ова, Твенте во следните три сезони нема да може да настапува во европските купови доколку се избори за такво нешто, а згора на тоа ќе плати и казна од 45.250 евра.

Нема да се жалиме на казната. Срцето на нашиот клуб е погодено. Боли, не само за играчите и навивачите, туку за сите што се поврзани со Твенте, но ние ја прифаќаме оваа санкција, порачаа од раководството на клубот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.