ЕУ самит за бегалци, тероризам и излегување на Велика Британија од Унијата

Во Брисел утре почнува дводневен самит на шефовите на државите и владите на ЕУ, на кои главни теми ќе бидат бегалската криза, заштита на надворешните граници на Унијата, борбата против тероризмот и можен излез на Велика Британија од ЕУ.

Во четврток, исто така, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Маркел, ќе одржи и некој вид спореден самит за распределба на бегалците во Европа, на кој ќе учествуваат земји кои примиле најголем број на бегалци, меѓу кои се Австрија, Шведска и Грција.

Ќе учествува и Турција, а ЕУ се надева дека Анкара пред се’ ќе го спречи доаѓањето на бегалците.

Откако Словачка и Унгарија пред една недела поднесоа тужба до Европскиот суд на правдата поради планираната распределба на околу 140.000 бегалци внатре во Унијата, Германија и другите западноевропски влади засилено бараат решенија независно од источна Европа.

Тема на самитот ќе биде и желбата на Велика Британија да ги реформира своите врски во ЕУ.

Меѓутоа, како што се наведува, брзи решенија нема да има бидејќи премиерот на оваа земја, Дејвид Камерон, на почетокот на на ноември посочи дека ќе бара референдумотза членство во ЕУ да се одржи летото 2016 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.