четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 49

Мекгрегор за 13 секунди заработи фантастични 16 милиони долари

Ирскиот ММА-борец Конор Мекгрегор навистина се збогати по "борбата на векот" против бразилскиот колега Жозе Алдо.

mekgregor

Последни вести

Мекгрегор го нокаутираше противникот со својот прв силен удар во главниот настан од спектаклот УФЦ 194 и до победата дојде за само 13 секунди.

Вкупно, тој заработи 16 милиони долари, односно 1,3 милиони долари по секунда, ако се пресмета за колку време тој му зададе нокаут на дотогаш непоразениот Алдо.

Единствен проблем за Мекгрегор сега е заканата за суспензија, ако се докаже дека тој си ја скршил раката при нокаутот, но не го пријавил тоа.

Доколку наодот биде позитивен, Спортската комисија на Невада може да му изрече шестмесечна т.н. медицинска суспензија или до моментот кога лекарите ќе му ја санираат повредата.

Најчитани вести