Натпис за ИСИС осамна на автобуска станица во Валона

Натпис на хартија на која се нацртани лик на џихадист, автоматска пушка и бомба и на кој пишува: „ИСИС Алаху Егбер“ осамна на автобуска станица во приморскиотград Валона.

Како што јави дописникот на МИА, албанската полиција потврди дека натписот бил поставен на еден киоск за продажба на весници и предизвикал паника кај граѓаните, кои веднаш ги известиле полицијците.

Полицијата почнала истрага за откривање на сторителите.

Ова не е прв ваков случај во Албанија. Неодамна во Корча осамнаа рафити со големи букви на кои беше напишано: ИСИС, Алаху Агбар, Ал Каеда и АК-47.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.