понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 62

Шефот на германската разузнавачка служба: ИД е државен ентитет

Тој во интервју за државната телевизија Феникс, објаснил дека џихадистичката група која контролира голем дел од Сирија и Ирак, целосно се разликува од терористичките групи кои биле активни во 70-те и 80-те години, како што е крајно левичарската фракција на Црвената армија.

isis

Поврзани вести

Шефот на германската разузнувачка служба, Ханс Георг Масен, преупредил декаа Исламската држава е навистина „државен ентитет“ и дека нејзините напади во Париз имале за цел да ги засилат стравовите од приливот на бегалци во Европа.

„Со нарекувањето на ИД терористичка организација го тривијализираме проблемот“, рекол Масен, кој се наоѓа на чело на сојузната Служба за заштита на уставот, на внатрешната разузнавачка служба на Германија“, пренесува АФП.

Тој во интервју за државната телевизија Феникс, објаснил дека џихадистичката група која контролира голем дел од Сирија и Ирак, целосно се разликува од терористичките групи кои биле активни во 70-те и 80-те години, како што е крајно левичарската фракција на Црвената армија.

„ИД е ентитет како државниот, кој сака да војува против нас“, кажал Масен.

Тој истакнал дека двајцата виновни за нападите извршени во Париз минатиот месец, биле регистрирании во Грција на патот кон Франција.

„ИД со тоа демонстрира сила. Сакала да покаже што може и да не импресионира“, заклучил Масен.

 

Најчитани вести