Русија бара компензации од Турција за соборениот авион

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Алексеј Мешков денеска изјави дека Турција треба да плати компензации за соборувањето на рускиот воен авион покрај турско-сириската граница минатиот месец.

Според него Турција треба да даде гаранции дека такви инциденти нема да се случуваат во иднина.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи изјави дека е невозможно да бидат исполнети руските барања за компензации за соборениот авион.