четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Објавено решението за прием на 125 професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана денеска го објави решението за прием на 125 професионални војници во служба на АРМ.

vojska-arm

Поврзани вести

Министерството за одбрана денеска го објави решението за прием на 125 професионални војници во служба на АРМ.

Со приемот на новите кандидати, целосно ќе се реализира најавениот процес за прием на 250 професионални војници во АРМ.

Кандидатите, соопшти денеска МО, поминаа низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучуваше 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции.

Со приемот на професионалните војници, АРМ, стои во соопштението, продолжува со пополнување на своите редови и тоа со високо мотивирани војници кои низ процесот на селекција покажале дека се најдобрите од најдобрите.

Најчитани вести