ФОТО: Доказ дека Хитлер не се самоубил

Оваа фотографија е доказ дека Адолф Хитлер не се самоубил во неговиот бункер во Берлин и дека избегал во Бразил каде живеел до 95 години, тврди една авторка која е во потрага по нацисти, пишува „Дејли експрес“.

Според неа Хитлер избегал во Парагвај преку Аргентина пред да се смести во мал град во близина на местото Мато Гросо, во Бразил.

Во книгата се вели дека Хитлер во Бразил го користел името Адолф Лајпциг и им бил познат на тамошните жители под прекарот „Стариот Германец“. Човекот на фотографијата е снимен две години пред неговата смрт во 1984-тата заедно со неговата девојка Кутинга.

Диас е убедена дека на оваа фотографија е Адолф Хитлер
Диас е убедена дека на оваа фотографија е Адолф Хитлер

Симони Рене Герира Диас, која ја напиша книгата „Хитлер во Бразил – Неговиот живот и неговата смрт“, тврди дека тој бил во областа каде бил во потрага по загубено богатство, а со него имал мапа што ја добил од неговите пријатели во Ватикан.

Таа потенцира дека тој ја користел неговата љубовница Кутинга за да го сокрие сопствениот идентитет на антисеминист.

Симони, која е Еврејка од Бразил одбива да го прифати тврдењето дека Фирерот се самоубил и бара останките на Лајпциг во Бразил да бидат ексхумирани, а потоа да се направи ДНК анализа и да се спореди со живите роднини на Хитлер.