Кувајт ервејз не сака во своите авиони да превезува Израелци

Авиокомпанијата Кувајт ервејз, одлучи да ги запре летовите меѓу Њујорк и Лондон бидејќи не сака во своите авиони да се возат Израелци.

Министерството за транспорт на САД испрати во септември писмо со барање да се стави крај на дискриминацијата на патници со израелски пасош.

Портпарол на Министерството потврди синоќа дека Кувајт ервејз ги информирале американските власти за одлуката да се запрат летовите меѓу тие два града, пренесува МИА.

Аферата почна во 2013 година кога компанијата не му продаде билет на Израелец. Системот за регистрација на компанијата не дозволува да биде купен билет ако патникот се обиде да се регистрира со израелски пасош. Компанијата одговори тогаш дека ги почитува законите на Кувајт според кои се забрануваат какви било трговски врски со фирми со седиште во Израел или луѓе со израелско државјанство.