Дачиќ: Русија нема ништо против влезот на Србија во ЕУ

Дачиќ: Русија нема ништо против влезот на Србија во ЕУ
Дачиќ: Русија нема ништо против влезот на Србија во ЕУ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Русија никогаш немала ништо против приближувањето на Србија кон Европската Унија, јави Танјуг.

Дачиќ изјави дека не ни очекува промена во ваквиот став на Москва, освен „ако не дојде до промени на односите со ЕУ“, што, според него, сепак „нема да се случи“

Одговарајќи на новинарско прашање за руското мислење за влезот на Србија во ЕУ, Дачиќ во изјава за „Блиц“ одговора дека „тука нема никаков проблем“.

– Русија нема ништо против. Единствено кога би дошло до промена на нашите односи кон Русија, но тоа нема да се случи. Така што тука не гледам никакви проблеми, нагласи Дачиќ.