среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 9

Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

Според Законот за заштитата на приватноста кој произлезе од договорите од Пржино, донесен на 9 ноември, сите кои поседуваат материјали имаат обврска да ги достават во рок од 20 дена на надлежен обвинител, а во случајот тоа е специјалната обвинителка.

Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

Поврзани вести

Опозицискиот лидер Зоран Заев директно го крши договорот од Пржино, бидејќи пробиени се сите рокови за предавање на илегално стекнатите прислушкувани материјали.

Рокот до кој Заев требаше да ги предаде илегално стекнатите прислушкувани материјали на СЈО Катица Јанева истече на 30- ти ноември. Првиот човек на СДСМ повторно не го испочитува тоа за што претходно дал збор, пишува порталот „Курир“.

Иако законот предвидува рок во кој тој требаше да ги достави материјалите, и рокот истече на 30-ти ноември, Заев не го испочитува договорено и се уште не се охрабил да ги достави материјалите.  Според Законот за заштитата на приватноста кој произлезе од договорите од Пржино, донесен на 9 ноември, сите кои поседуваат материјали имаат обврска да ги достават во рок од 20 дена на надлежен обвинител, а во случајот тоа е специјалната обвинителка.

Заев во едно неодамнешно интервју истакна дека се уште поседува такви материјали и додава дека како што ветиле, сите материјали ќе ги достават до специјалното јавно обвинителство, но тоа не се случи.

– Kако што им ветивме на граѓаните, сите материјали ќе ги доставиме до специјалното јавно обвинителство. Во врска со начинот на предавање на материјалите ќе постапиме според законот, како што ќе побара специјалната обвинителка. Јас им ветив на граѓаните на Македонија и тој збор ќе го одржам. Сите материјали што ги имам ќе ги доставам до специјалното јавно обвинителство – зборува Заев во интервјуто дадено за еден од опозициските портали на 23-ти ноември, една недела пред истекот на рокот.

Од друга страна, СДСМ ги игнорира прашањата на медиумите за тоа дали, како и кога ќе бидат предадени снимките кои се уште се во рацете на Заев.

Тој во неколку наврати потврди дека имаат материјали кои се доверливи, а треба да

Најчитани вести