Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

уценува, се заканува и купува мир, за што повеќе пати во јавноста индиректно го направи и им прати порака на неговите поддржувачи.  Од друга страна се докажува дека освен со илегално стекнатите материјали, Заев не е играч на политичката сцена. Бомбите донесоа грч, успорување на економијата, деструкција.

Заев не е конкурентен на полето програма и проекти, едноставно нив ги нема во политичкото делување на Заев, што воедно покажуваат и последните релевантни анкети кои предвидуваат нов катастрофален пораз на СДСМ во април.

Со договорот од 2 јуни, во член 6, алинеја 3 се вели дека СДСМ по враќањето во Собранието ќе ги предаде материјалите на Јавното обвинителство за итно постапување. Токму оваа реченица не е избришана ниту, пак, е изменета со протоколот од 15 јули, потпишан како и договорот, од страна на сите 4 партии.

Тоа значи дека Заев се обврза на враќање на материјалите со денот на враќањето на пратениците на СДСМ во Собранието на 1 септември. Оттогаш се поминати речиси три месеци. Прашањето кое јавноста го поставува до опoзициската партија е кога ќе ги предадат материјалите до СЈО, бидејќи пробиени се сите законски рокови?, се вели во текстот на „Курир“.