НБА: Голден Стејт им се врати на победите, Сан Антонио неприкосновен на домашен терен

Спарси славеа благодарение на Кавај Ленард кој постигна 27 поени, а го следеше Ламаркус Олдриџ со 14 поени, додека по 11 поени постигнаа Милс и Џинобили.

Кај Вашингтон единствено расположени беа Гортат и Џон Вол со по 20 поени, а притоа плејмејкерот имаше и 11 асистенции а центарот плус и 10 скока.

Кармело Ентони го предводеше Њујорк до победа над Минесота од 107:102 со 20 постигнати поени, дури 15 скока и 9 асистенции, а најефикасен во тимот беше Алфало со 29 поени.

НБА Резултати:

Орландо – Шарлот 113:98
Индијана – Далас 107:81
Бруклин – Мајами 98:104
Детроит – Бостон 119:116
Њујорк – Минесота 107:102
Атланта – Филаделфија 127:106
Оклахома – Портланд 106:90
Сан Антонио – Вашингтон 114:95
Јута – Њу Орлеанс 94:104
Голден Стејт – Феникс 128:103
ЛА Клиперс – Милвоки 103:90

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.