четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 8

На кумановската група ќе и се суди за тероризам

На 9 и 10 мај во кумановското Диво Насеље дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група. Во судирите загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

На кумановската група ќе и се суди за тероризам

На кумановската група ќе и се суди за тероризам

Поврзани вести

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека го одобрува обвинителниот акт за тероризам и терористичка организација за случајот Диво Насеље против 29 обвинети. Судот ги отфрли приговорите на обвинетите како неосновани.

Од судот не наведоа кога на обвинителната клупа ќе седнат обвинетите.

На 9 и 10 мај во кумановското Диво Насеље дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група. Во судирите загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

Судскиот совет на расправата за оценка на обвинението ја одржа на 7 декември,  а тогаш обвинетите се изјаснија дека се невини и дека не сториле никаков терористички акт, туку дека се бранеле од полицијата.

На првото појавување во судот, на 7 декември, 29 -те обвиниети, сите од албанска националност, беа проследени со силни безбедносни мерки околу зградата на судот, а полициските сили беа засилени и во центарот на Скопје.

Членовите на кумановската група се обвинети дека организирале терористички активности кои кулминираа со пресметка со македонската полиција,на 9 и 10 мај во Куманово, кога загинаа осум припадници на македонската полиицја,  а 37 специјалци беа ранети.

Најчитани вести