понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 16

Попоски: Позициите на Македонија и Грција за името се далеку една од друга

Попоски додаде дека македонската влада има политички јавно преземено обврска дека не може да има било какво решение и не може да има никакво завирање во Уставот кое би се рефлектирало на нашите национални параметри без тоа да биде поддржано од мнозинството граѓани на референдум организиран на национално ниво.

Попоски: Позициите на Македонија и Грција за името се далеку една од друга

Попоски: Позициите на Македонија и Грција за името се далеку една од друга

Поврзани вести

Позициите на двете влади во двете земји за името се јавно познати и мораме да констатираме дека тие се далеку една од друга. Поради тоа соодветствува фактот дека имаме планини да надминеме во однос на овој спор, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски по денешната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јави допинскот на МИА.

Двајцата министри одговорија на неколку новинарски прашања, при што Попоски нагласи дека е заеднички интерес да се работи на подобрување на климата меѓу двете земји, да има конструктивен дијалог кој ќе ни овозможи да се фокусираме повеќе на работите кои не приближуваат отколку на едната работа за која имаме суштинска разлика во ставовите. Тој изрази надеж дека овој дијалог кој се воспоставува и мерките за градење доверба се чекори во вистинска насока.

– Мислам дека никој нема никаква корист од креирање на лажни очекувања, треба да претставиме реално како се работите и мислам дека во тој дел навистина постојат суштински разлики помеѓу ставовите во двете земји. Тоа е факт, нагласи Попоски и додаде дека македонската влада има политички јавно преземено обврска дека не може да има било какво решение и не може да има никакво завирање во Уставот кое би се рефлектирало на нашите национални параметри без тоа да биде поддржано од мнозинството граѓани на референдум организиран на национално ниво.

Одоговарајќи на прашање поврзано со оградата на македонско-грчката граница, Попоски рече дека нашиот најголем предизвик е што истата бројка на бегалци кои пристигнуваат на грчките острови преминуваат и низ македонска територија.

– Во релативен однос, зборуваме за стотици илјади мигранти кои во Грција со десетмилионско население се проблем, но кај нас со двемилионско население е уште поголем проблем. Затоа мораме со сите напори да се трудиме да има хуман, но воедно и безбеден транзит низ нашата територија, рече македонскиот министер.

– Само поради таа причина имаме  физичко насочување со бариери на границата кое има за цел да спречи нелегални преминувања и да ги насочи сите мигранти кон центрите за регистрација. Најсреќни ќе бидеме кога овој проблем ќе се надмине и ќе имаме кредибилна регистрација за да не мора да имаме било какви дополнителни издатоци за насочување на мигрантите и физички бариери. Верувајте дека тоа ќе биде најголем успех за нас, рече Попоски.

Тој додаде дека не се планира никаква граница да опстои во делот на огради или оградување помеѓу било кои земји во Европа бидејќи македонските власти не сметаат дека тоа е долгорочно и трајно решение на овој проблем.

Во однос на енергетската соработка, шефот на македонската дипломатија рече дека Македонија ја има потврдено заложбата за енергетско поврзување со Грција и сака да има такво поврзување.

– Од одговорот што го добив од моите соговорници во Атина, мислам дека и кај вас постои клима за развој на енергетски проекти меѓу двете држави и мислам дека секоја таква соработка е нешто што треба да поддржиме, рече Попоски и додаде дека е подобро за двете земји тоа да се случи побрзо.

Коѕиас повтори дека прашањето за името се преговара во рамките на ОН во сорботка со медијаторот Нимиц.

– Ние бараме чесен компромис, кој ќе биде во спротивност со иредентизмот и екстремниот национализам кај двете страни и кој ќе придонесе за иднината на двете страни, рече Коѕиас и додаде дека заклучоците од преговорите што се водат во рамките на ОН не се објавуваат.

Попоски во Атина денеска се сретна и со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, со првиот потпретседател на Парламентот Анастасиос Куракис, и со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.

Најчитани вести