ЕУ е подготвена за компромис за барањата на Велика Британија

На самитот во Брисел, лидерите на Еу се сложија да побараат компромис во врска со контроверзните барања на британскиот премиер, Дејвид Камерун, кои се однесуваат на реформи во Унијата, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.

Клуното барање на Камерон е мигрантите од другите држави членки на ЕУ, во Британија мораат да живеат најмалку четири години за да стекнат одредени социјални поволности.

„Лидерите ја изразија нивната загриженост, но, исто така, покажаа решеност да побараат компромис во врска со барањата на Камерон“, рекол Туск, додавајќи дека е многу повеќе оптимистичен од пред дискусијата во Брисел.

Противниците на Камерон сметаат дека неговото барање е дискриминаторско и е против основните принципи на ЕУ кои се однесуваат на слобода на движење.

На новинарско прашање, дали Камерон сфатил дека неговото барање меѓу европските колеги доби „црвено светло“, Туск одговорил дека за него најјасна порака е дека никој, вклучувајќи го и Камеон, не е подготвен да прифати дискриминација.

Британија покрена прашања за промена на некои услови за своето членство во ЕУ, наспроти референдумот за тоа дали да се остане во Унијата, но Камерон до сега не успеал со колегите од ЕУ да постигне договор за ограничен пристап на мигрантите од другите земј на ЕУ до одредени социјални овластувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.