Свет

Белгија го ограничува рокот на бегалски статус

Белгија го ограничува рокот на бегалски статус
Белгија го ограничува рокот на бегалски статус

Белгиската Влада денеска ќе донесе одлука, според која отсега натаму рокот на бегалски статус веќе нема да биде неограничен, туку ќе трае до пет години.

Се предвидува по истекувањето на петгодишниот рок имиграциските служби да проценат дали да го продолжат бегалскиот статус. Оние бегалци, во чии држави од каде потекнуваат се подобриле условите за живот, ќе мораат да ја напуштат Белгија.

Семејствата на бегалците ќе имаат право, исто така, да доаѓаат на посета во Белгија.