Домашен чај кој решава женски проблеми

Еден од најголемите женски проблеми секако е борбата со дисбалансот на хормоните во одреден период. За среќа, за овој проблем постои природно решение, а притоа не ви се потребни многу пари за да го подготвите.

Станува збор за три состојки, кои во рекорден рок ќе ви помогнат своите хормони да ги доведете во рамнотежа.

Се што ви е потребно се 100 грама сушена сува детелина 50 грама сув цвет од кантарион и 50 грама листови од црна рибизла.

Начин на подготовка: Добро иситнете и измешајте ги сите билки. Кога ќе почувствувате потреба за чај, една лажица од смесата прелијте со една чаша зовриена вода.

Поклопете и оставете да отстои пет минути, па процедете и веднаш испијте.

За најдобар ефект, најдобро е секој ден да пиете по една шолја од овој домашен чај.