Најчести бјути грешки кои ги прават невестите

Голем број девојки со месеци се подготвуваат за својот голем ден. Бираат совршена венчаница, музика, декорација…Се чини дека водат сметка за секој детал не препуштајќи ништо на случајноста. Но и најдобро знаат да погрешат!

Еве неколку најчести бјути грешки кои ги прават невестите…

Не закажуваат пробна шминка

Иако имате постојан шминкер на кого потполно му верувате, немојте да ја прескокнувате пробната шминка. Ова е важен чекор за да објасните што сакате и воедно да проверите дали поскуваниот мејкап ќе одговара на вашето лице.

Избегнуваат водоотпорна шминка

Овој ден е преполн со емоции, солзи, бакнежи, затоа не треба да се штеди на водоотпорната шминка. Покрај маскарата, задолжителни се и долготрајната пудра и кармин, за шминката на вашето лице да издржи што подолго.

Го занемаруваат остатокот од телото

Ако е венчаницата без ракави, многу е важно откриениот дел од телото да го намачкате со лосион со светкави честички, додека на вратот и деколтето треба да им се нанесе пудра која одговара со тенот на лицето.

Иста шминка како кумата

Иако можеби многу се дружите и имате ист шминкер, никако немојте да се одлучите за ист мејкап.

Прв пат носите вештачки трепки

Ако никогаш не сте носеле вештачки трепки, денот на вашата венчавка не е време за експерименти. Ова е уште една причина порано да го испробате саканиот мејкап.

Претерување со руменилото

Мала е границата помеѓу свежиот изглед и претераното руменило на образите. Иако денес е можно се да се поправи со фотошоп, не треба да изгледате како кловн, затоа бирајте руменило во светло розова или корална нијанса.

Средување на веѓите ден пред венчавката

Ден пред свадбата не е добра идеја. Восокот или пинцетата оставаат црвени траги. За кожата да се смири од иритација, препуштете му ја оваа работа на козметичар неколку дена пред свадбата.

Наносување вештачки тен ден пред свадбата

Најчеста грешка на невестата е вештачкиот тен. Погрешно е мислењето дека совршената нијанса на спреј треба да се нанесе ден пред свадбата. За да ја постигнете совршената нијанса, вештачкиот тен нанесете го неколку дена порано – тоа ви остава доволно време за корекција доколку е потребна.