НБА: Во дербито на вечерта, Кливленд подобар од Оклахома

Кливленд на свој терен славеше против Оклахома со 104:100, Хјустон беше подобар со 107:87 против ЛА Лејкерс, додека Шарлот со 109:99 го совлада Торонто во Северна Каролина.

Леброн Џејмс беше херој на 17-та победа на Кавалирс со 33 поени, 11 асистенции и девет скока, а уште петмина играчи во победничкиот тим имаа двоцифрен ефект. Тристан Томпсон постигна 14 поени, дополнети и со 15 скока, а Џеферсон имаше 13 поени.

Кај Оклахома, Расел Вестбрук дуелот го заврши со 27 поени и 10 асистенции.

Џејмс Харден, пак, го водеше Хјустон до победата над Лејкерси со 26 поени и по шест скока и асистенции. Двајт Хауард имаше 16 поени и 15 скока.

Кај Лејкерси, Коби Брајант дуелот го заврши со 22 поени, додека Џулијус Ренд дополни со 18 поени и 10 скока.

Шарлот ја запиша 15-та победа сезонава во која најдобар беше Џереми Лин со 35 поени и пет скока. Одличен во победничката екипа беше и Кемба Вокер со 27 поени, 7 асистенции и 6 скока.