Пешевски: Се зголемува интересот за членство во СНИПП

процесот на соодветното планирање, спроведување на политиката и следење, управувањето со ризиците, како и зачувувањето и искористувањето на ресурсите, побрз одговор на итни ситуации, подобрено планирање и управување со транспортот и врските, развој на голем број владини услуги засновани на интернет платформи кои се наменети за граѓаните, особено преку е-Влада, како и за прекуграничната соработка со соседните земји, потенцира Пешевски.

sredba-pesevski-trpevski-vlada

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески посочи дека е неизбежна поврзаноста на националната инфраструктура на просторни податоци со информатичкото општество.

– Секое информатичко општество зависи од просторни, односно географски податоци и информации. Главен фактор за развој на вакво општество се дигиталните геопоросторни податоци кои се негова основа. Дигиталниот податок ја отвора можноста за интеграција, размена, управување, анализа и побрз пристап до податоците од секоја институција, рече Трпески.

Тој посочи дека Агенцијата за катастар на недвижности е во завршна фаза со дигитализација на катастарските планови и оти 99 отсто од катастарските планови за територијата на Република Македонија се дигитализирани, а од 2016 година се очекува и сите преостанати работни процеси во Агенцијата да се одвиваат дигитално.

– Покрај досега поставените две збирки на геопросторни податоци, Агенцијата во 2016 година на Националниот геопортал ќе ги постави веб услугите за податоците од географските имиња и хидрографската мрежа. Воедно ќе изврши обуки за субјектите во националната инфраструктура на просторни податоци поврзани со изготвувањето на метаподатоци, потенцира Трпески.

Покрај во националните активности, додаде, Агенцијата успешно учествува и во градење на регионалната инфраструктура на просторни податоци која се реализира преку проектот ИМПУЛС, финансиран од шведската влада.

– Проектот има цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во земјите од регионот во процесот на имплементација на директивата INSPIRE, односно воспоставувањето Регионална инфраструктура за просторни податоци. Проектот ќе обезбеди капацитети со цел да се постигне техничка интероперабилност помеѓу институциите, дистрибуција на геоподатоците во електронска форма, како и развој на услуги и сервиси кои имаат за цел размена и споделување податоци помеѓу институциите во секоја земја, меѓу земјите од регионот, како и со земјите од Европската унија, рече Трпески.

Прецизира дека резултатите од проектот ќе најдат примена во справувањето и намалувањето на штетите при евентуална појава на поплави, пожари и други природни непогоди.

– Не помалку важен чинител за развојот на националната инфраструктура на просторните податоци се и подзаконските акти со кои се регулира оваа област. Во изминатава година, од страна на работните групи се изготвени Уредбата за метаподатоци, Уредбата за мрежни услуги, Уредбата за пристап до податоци и услуги и Упатството за поврзување на трета страна со НИПП. Содржината на овие акти ќе го зголеми степенот на усогласеност со европската INSPIRE директива донесена од Европската комисија. Воедно тие ќе придонесат за изработка на стандардизирани веб услуги на национално ниво, појасни Трпески.

Тој посочи дека Македонија е рамо до рамо со европските земји на ова поле кои имаат обврска до 2020 година целосно да ги имплеметираат просторните податоци.