Навивачите на Баерн можат да здивнат – нови договори за 4 првотимци

Најзначајно дефинитивно е останувањето на Милер, кој потпиша договор до 2021 година.

За германскиот офанзивец се интересираа неколку гиганти, Манчестер Јунајтед подготвуваше мегапонуда, но баварците успеаја да го “врзат” за следните пет и пол години нудејќи му плата од 13,5 милиони евра по сезона.

Новите договори на Боатенг и на Мартинез исто така се со важност до 2021 година, додека Алонсо потпиша нов двогодишен договор, со што се стави крај на шпекулациите дека шпанскиот играч за врска би можел да се врати во Ливерпул или во Реал Мадрид.

Во меѓувреме, уште погласни стануваат шпекулациите дека Карло Анчелоти ќе биде тренер на Баерн во новата сезона, а Пеп Гвардиола ќе си замине, откако каталонскиот тренер најави дека својата одлука ќе ја обелодени на почетокот од следната седмица.