Ѓорѓиев за РСМ: Постапката за „ Купи куќа за млади “ ќе биде ефикасна и ефективна

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, во интервју за Радио Слободна Македонија ја објасни начелната процедура за користење на можностите на проектот „ Купи куќа за млади “ во делот на изградба, доградба и надградба на куќа.

Без премногу чекање, ќе ги разгледуваат овие поднесоци, предмети. Се разбира дека ќе бидат максимално посветени, со неколку состаноци месечно, ако има потреба и неколку состаноци неделно, на разгледување на овие проекти, се со цел во што побрз период да биде одговорено на лицето кое што е заинтересирано, рече Ѓорѓиев.

Владиниот портпарол потенцира дека сите конкретни и разработени прецизни детали во врска со процедурата ќе бидат објавени во следниов период од страна на институциите. Ќе има и брошури со информации за граѓаните, стручни тимови ќе ги објаснуваат процедурите и можностите, а Ѓорѓиев потенцира дека сите институции максимално ќе го приближат овој проект до секој граѓанин.