Германија би можела да соработува со Асад

Германија би можела да стане првата западна земја која што ќе го промени општиот консензус на членките на НАТО и ЕУ и да започне соработка со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Дел од германските медиуми пренесуваат информации дека официјален Берлин се подготвува за отворање на канцеларија на германското разузнавање во Дамаск.

Анонимните извори во германската влада за весникот „Билд“ тврдат дека федералната служба за безбедност (БНД) преку своја канцеларија во Дамаск во координација со владата на Асад ќе се бори против Даеш (Исламската држава).

Соработката со режиот на Асад би можела да започне на почетокот на идната година и тоа преку германската амабсада во Дамаск која што беше затворена во 2012 година кога Берлин го протера сирискиот амбасадор во Берлин и ги повлече своите дипломатски претставници од Сирија.

Пред прекинот на дипломатските врски оперативците на двете разузнавачки служби соработувале во борбата против екстремниот исламизам. Евентуално формализирање на оваа одлука од страна на Берлин може да предизвика негативни реакции од најголемиот број германските сојузници воо НАТО и ЕУ кои што се уште отфрлаат соработка со режимот на претседателот Асад.