Граѓаните со остра осуда на говорот на омраза и навредите на Шилегов

Граѓаните со најостри осуди за постапката на пратеникот Петре Шилегов кој во собранието ја навредуваше пратеничката на СПМ, Владанка Авировиќ. Велат дека начинот на дебата на Шилегов е нецивилизиран.

Постарите граѓани велат дека ваквиот недоличен однос кон една госпоѓа, кој го користеше Шилегов никогаш не бил дел од македонската култура.

Ова се само дел од коментарите на граѓаните кои го осудуваат речникот на Шилегов:

-Тоа е некултура. Јас никогаш не би навредил жена.

-Тоа е примитивизам. Како да кажам поинкау, ко божем интелектуалци изигруваат, ама тоа е. Секакви има по карактер. Некој ќе се смета ко кој знае кој да е, препотентен.

-Јас лично не го видов тоа, но слушнав многу коментари од колеги, од јавноста, од медиумите за тој чин. Тој чин е несвојствен за еден политичар кој може тоа само во пијана состојба да го кажува.

Тие додаваат дека уште поопасно е тоа што ниту Шилегов ниту некој од СДСМ не се извини за недоличниот однос.

Граѓаните се категорични дека ваквиот недоличен однос на СДСМ трае уште од време на Бранко Црвенковски кои ги навредуваше стечајците. Ова денес се истите луѓе, велат тие.

Токму во времето на Црвенковски, Шилегов беше претседател на второстепената комисија за јавни набавки. Во јавноста излезе документ кој потврдува дека тогаш Шилегов донел одлука да додели тендер на Бизнис партнер на Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.