четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Поповски: Странските пазари да се отворат за македонски традиционални производи и брендови

zoran-popovski-tribina-bero-640x480

Последни вести

Отворањето на сите стратешки пазари како рускиот, кинескиот, американскиот пазар за пристап на нашите традиционално познати прехранбени производи, се едни од нашите цели, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски на трибината во Берово во рамки на караванот „На Македонија и треба твојата идеја“.

Отворањето на нови пазари ќе овозможи стопанството да се развива а со тоа се врши и промоција на македонските брендови. Ние сме сконцентрирани и кон вложување во нови производствени капацитети и проширување на истите, подвлече Поповски.

Сето тоа, заклучи тој ќе резултира со отворање на нови работни места, но од друга страна и интензивен прилив во државата.

Најчитани вести