„Прес 24“: Спасовски го полни МВР со партиски војници и неискусни кадри

Спасовски прави хаос, па поднесува оставка
Спасовски прави хаос, па поднесува оставка
Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, во моментов на функција технички назначен министер за внатрешни работи, го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ги чини преку 10.000 евра месечно со оглед на фактот дека функционерите на СДСМ добиваат месечни плати од околу 1.000 евра, пишува порталот „Пресс24“.

Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

На Горан Трајановски му претходеше Магдалена Несторовска која е советник на СДСМ во општина Карпош. Спасовски неа ја назначи за државен советник за човечки ресурси.

Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.

magdalena-nestorovska

Лазе Велковски кој од Спасовски е назначен за државен советник за полициски и криминалистички работи стана познат во јавноста како обезбедување на Радмила Шекеринска, иако беше вработен во Агенцијата за разузнавање од каде што беше преземен во МВР, пишува порталот.

Пензионерот Раде Јанковски кој е назначен за шеф на