сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Заев, Верушевски и Палифров ќе сведочат пред Анкетната комисија

Заев треба да одговори на многу дилеми поврзани со случајот „Пуч“. Колку материјали поседува, и зошто прво тврдеше и ја лажеше јавноста дека не го познава Верушевски?

Заев, Верушевски и Палифров ќе сведочат пред Анкетната комисија

Заев, Верушевски и Палифров ќе сведочат пред Анкетната комисија

Поврзани вести

Зоран Заев како четвртоосомничен во случајот „Пуч“ треба да се појави пред Анкетната комисија за да сведочи и да одговори на прашањата од пратениците. Освен него, ВМРО-ДПМНЕ има намера да ги повика и синот на Зоран Верушевски, Александар, како и Бранко Палифров кој исто така е осомничен во „Пуч“.

Александар Верушевски и е познат на јавноста по своето проблематично и криминално дејствување, како и постојаната закрила која ја имаше од неговиот татко Зоран Верушевски, кој е и прво обвинет во аферата Пуч. Александар беше во фокусот на јавноста заради проблемите што ги имаше со законот во Македонија.

Младиот Верушевски беше осудуван со затвор за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил, инаку службено возило на МВР додека неговиот татко Зоран беше на позицијата прв човек на агенцијата за разузнавање, и носење пиштол. Постариот Верушевски постојано повторуваше дека син му го местат.

Александар Верушевски стана дел и од аферата „Пуч“. Иако на почетокот Заев лажеше дека не се познава со Зоран Верушевски, но се потврди не само што се познавал туку и блиску соработувал со целото негово семејство. Тоа можеше да се види и во шифрираните пораки кои ги заплени при претресот полицијата, во кој Александар се фали дека Заев ќе му купи и автомобил.

Александар Верушевски со мајка му

-Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.

Александар Верушевски со мајка му

-Рече ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.

-Ти како си и како ти е таму и кажи му Зајко компјутер ми фалит.

-Уште еден адвокат или десет сè е џабе, без револуција џабе е сè, пишува во пораките.

Во емисијата „Топ тема”, Заев самиот потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.

-Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски, рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивното старо возило, изјави Заев.


Инаку синот на Верушевски при претресот го искрши компјутерот со цел да не се дознаат криминалните дејаниа, но поради неумесност и непознавање на технологија хард дискот на самиот компјутер останал неоштетен.

Што се однесува до Бранко Палифров тој е човекот кој е десна рака на Заев во Струмица и одговорен за финансиското работење на општината. Освен по непотизмот и вработувањето на целата своја фамилија, Палифров е познат по тоа што ја криеше сопругата на Верушевски, Соња Верушевски исто така вмешана во случајот Пуч. Освен тоа што и обезбедил засолниште, тој бил човекот за комуникација меѓу Заев и семејството Верушевски. Поради тоа тој соочува со обвининение за помагање во аферата Пуч.

На анкетната комисија е повикан и Заев

Зоран Заев треба да одговори на многу дилеми поврзани со случајот „Пуч“. Колку материјали поседува, и зошто прво тврдеше и ја лажеше јавноста дека не го познава Верушевски?

Весникот Фокус на 1 февруари напиша дека Верушевски бил соработник на Црвенковски, а дека со Заев не се познавал.

ffokusssssssssssss

На 6 февруари, јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа да Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“.


На 11 февруари, Заев конечно призна дека Шилегов лажел. Во интервју на 24 Вести потврди дека се познавал со Верушевски и дека лично му го напишал писмото како и дека со странски амбасадори и премиери сакал да му извади виза за да побегне во странство.

Верушевски е еден од кадрите кој е стручен за оваа работа, имав потреба од консултации, се случија две средби со Верушевски за да можам да добијам анализа за тоа што треба да правам, истакна Заев.

Најчитани вести