сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Заев против Заев – дава збор па се предомислува! (ВИДЕО)

Во изминативе месеци јавноста сведочи дека лидерот на СДСМ неколку пати јавно говорел дека материјалите ќе ги предаде на обвинителство, бидејќи како што и самиот вели, таков е законот.

Заев дава збор, па се предомислува

Заев дава збор, па се предомислува

Поврзани вести

Зоран Заев уште еднаш докажа дека неговите изјави се лажни и по кој знае кој пат дека покажа дека ги често ги менува ставовите и самиот се демантира, пишува „Курир“.

Во изминативе месеци јавноста сведочи дека лидерот на СДСМ неколку пати јавно говорел дека материјалите ќе ги предаде на обвинителство, бидејќи како што и самиот вели, таков е законот. Во јавните настапи Заев изјавуваше и дека ќе го почитуваат договорот, а деновиве тој и СДСМ го прават токму спротивното.

-Секако, сè што имам сè ќе предадам. Очекувам да биде побарано од мене, така е во законот. Како што бараа од јавните обвинители што ги поседуваа досега предметите кои се поврзани и од кои произлегува содржина од прислушуваните разговори, така да се побараат и од мене материјалите.

-Остануваме да го почитуваме договорот, ако има специјален обвинител, ќе ги предадеме материјалите.

-Тоа значи дека новиот Јавен обвинител со целосни автономски овластувања ќе ги добие материјалите каде што на транспарентен начин во име на вистината за Македонија треба да бидат процесуирани.

-Тие материјали, како што е обврска по законот најверојатно ќе биде побарано од нас да ги доставиме. Ние сме подготвеи во секој момент штом ќе биде побарано од нас да ги доставиме материјалите. Затоа на неколку дена пред истекување на рокот, го доставивме ова писмо во кое стои ноторно потврдена подготвеност на СДСМ да ги достави сите материјали кои ги поседуваат.

Овие четири изјави се дел од неколкуте кои Заев пред само неколку месеци ги даваше. Денес лидерот на СДСМ самиот се порекнува, го крши договорот од Пржино непредавајќи ги материјалите на Специјалното обвинителство, под различни изговори.

Најчитани вести