сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Алфа: Лице дел од структурите на СДСМ приведено за аферата „фалсификувани лични карти“

Извор за „Алфа“ посочува дека по наредба полицијата извршила претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши.

Алфа: Лице дел од структурите на СДСМ приведено за аферата „фалсификувани лични карти“

Алфа: Лице дел од структурите на СДСМ приведено за аферата „фалсификувани лични карти“

Поврзани вести

Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти, јавува Алфа. Според информациите на телевизијата едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.

Според информациите на „Алфа“ полицијата во текот на вчерашниот ден во координација со Јавното обвинителство го расчистила случајот кој што го објави Фокус и медиумски го експлоатираше СДСМ.

Извор за „Алфа“ посочува дека по наредба полицијата извршила претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши.
Полицијата при претресот одземала и неколку компјутери на кои според информациите на телевизијата имало лични податоци фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови и други податоци важни за натамошната истрага.
Според извори на „Алфа“ приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата меѓу осомничените и и лице дел од структурите на СДСМ. Неофицијано „Алфа3 дознава дека токму тоа лице било во контакт со новинари блиски до опозицијата кои требале да ги пласираат фабрикациите.
Од првичната проверка, осомничениот бил во контакт со лице кое е претходно обвинет во случајот Шпион. Алфа потврда за овој случај побара од надлежниот јавен обвинител и оттаму одговориле дека во текот на денот ќе излезат со детали.

Најчитани вести