Парламентарни избори во Шпанија

(ПП) на премиерот Марјано Рахој ужива поддршка на меѓу 24,5 и 28,6 проценти од гласовите, пред главната опозициска сила, Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), која може да се надева на меѓу 20,6 и 22,8 отсто. Близу зад нив се левата популистичка партија Ние можеме (Подемос) со поддршка со 17,9 до 19,9 проценти и либералната партија Граѓани, која може да се надева на меѓу 16,3 и 17,6 отсто од гласовите.

Неизвесноста од конечниот исход на изборите произлегува и од фактот што на почетокот на месецот дури една третина од шпанските избирачи се уште не решиле дали воопшто ќе излезат на гласање или за кого ќе гласаат.

Изборите се одржуваат во услови на продлабочена економска криза во која се наоѓа земјата, пропратена со раст на невработеноста и серија корупциски скандали. Според аналитичарите ваквата атмосфера ќе поттикне голем број избирачи својата доверба да ја дадат на некоја од „алтернативните“ партии, наместо на ПП или ПСОЕ, кои доминираат на шпанската политичка сцена во изминатите 40 години.

Во вакви услови идната шпанска влада најверојатно ќе биде коалициска, што според аналитичарите, отвара можност за различни комбинаторики при обезбедувањето на парламентарно мнозинство.

Како најверојатна постизборна коалиција аналитичарите ја посочуваат онаа меѓу конзервативците на премиерот Рахој и либералите, што во голема мерка ќе зависи од изборниот резултат на либералната партија Граѓани.

Иако никој не се сомнева дека ПП ќе освои најмногу гласови и најголем број пратеници, некои аналитичари не ја исклучуваат можноста Рахој да се збогува од премиерската функција и да и ја препушти власта на коалицијата на социјалистите и Подемос, кои и во случај да немаат парламентарно мнозинство, би можеле да се обезбедат поддршка од комунистите и некои од помалите регионални левичарски партии.

Аналитичарот на консултантската агенција за одредување на политичкиот ризик „Тенео“, Антонио Баросо оценува дека во ваква ситуација главни и политички играчи во Шпанија стануваат лидерите на партијата Граѓани, Алберт Ривера и на Подемос, Пабло Иглесиас.

– Факт е дека Шпанија минува низ политички промени без преседан. Тоа се должи на комбинација од економската криза и напуштањето на традиционалниот политички систем, смета Баросо.

Во вакви услови, предизборната кампања мина во несекојдневна атмосфера. Лидерите на партиите и кандидатите за пратеници се појавуваа во телевизиски шоуа каде пееја, позираа за модни списанија, а некои дури се јавија и во улога на фудбалски коментатори.

Така, првиот човек на Подемос Иглесиас, чиј карактеристичен имиџ е долгата коса врзана во коњско опавче, започна со објавување на видео коментари на интернет, за потоа да започне со сопствена емисија на една од шпанските телевизии. Во една од нив, 37-годишниот Иглесиас дури и запеа, нагласувајќи дека песната им ја посветува на „сите жени кои живеат со идиоти кои би требало да ги напуштат“.

Лидерот на партијата Граѓани, 36-годишниот Ривера позираше облечен како