среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Во „фабриката“ на СДСМ, освен лични карти се фалсификувале бугарски пасоши и швајцарски сметки

Целта била тие да се објават пред изборите и да се обвинат функционери од владејачката партија дека извадиле пасош од друга држава за да може да се влијае на гласачите и да се намали нивниот рејтинг.

Во „фабриката“ на СДСМ, освен лични карти се фалсификувале бугарски пасоши и швајцарски сметки

Во „фабриката“ на СДСМ, освен лични карти се фалсификувале бугарски пасоши и швајцарски сметки

Поврзани вести

Вистинска фабрика за афери била „работилницата“ на Захир Бекири, човек кој е дел од структурите на СДСМ. Според информациите кои ги објавија медиумите, тој заедно со повеќе лица бил задолжен да креира лажни афери со цел намалување на рејтингот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Курир“.

Бугарски пасоши

Според информациите, групата подготвувала и други афери кои требало да бидат објавени пред изборите со цел да се урива рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Извори од истрагата велат дека до сега се проверени само 10% од обемниот доказен материјал. Според она што е најдено таму, групата подготвувала и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на државни функционери. Целта била тие да се објават пред изборите и да се обвинат функционерите дека извадиле пасош од друга држава за да може да се влијае на гласачите и да се намали нивниот рејтинг.

Швајцарски сметки

Во компјутерите на осомничените најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки. Целта била во овие урнеци да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Потоа, тие фалсификувани урнеци би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.

За фабрикуваните афери новинарите на СДСМ добиваат награди од ЕУ

Покрај аферата со личните карти која ја откри полицијата, оваа група најверојатно стои и зад наводната афера со фалсификуваните пасоши.  Заедничко за двете афери е тоа што ги објави ист новинар од весникот Фокус. Интересно е што за таа афера, новинарот на весникот Фокус доби и награда од Европската Унија и од Македонскиот институт за медиуми.

nagrada-arsik

-Во оваа ситуација, сакам јавно да се оградам од новинарите без’рбетници и да кажам дека ние, новинарите-истражувачи сме тие што ќе го зачуваат достоинството на професијата, рече новинарот Љубиша Арсиќ по добивањето на наградата.

Истиот новинар ги пријави фалсификуваните лични карти во полиција и побара истрага за нив.

До сега проверените доказни материјали покажуваат дека осомничените имале многу честа, редовна и континуирана комуникација со Зоран Божиновски. Истрагата ќе утврдува дали новинарите свесно учествувале во фабрикувањето на аферите. Не се исклучува можноста доколку се докаже некаква вмешаност во целиот скандал и новинарите да одговараат кривично.

Фабрика за афери на СДСМ

bekiri

Тројцата осомничени се луѓе од структурите на СДСМ. Првоосомничениот Захир Бекири викан Чауш редовно се појавувал на партиските состаноци на опозицијата. На неговиот профил на социјалните мрежи може да се забележи дека на 3 декември годинава го фотографирал и својот син со Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Сопругата на Захир Бекири е вработена во Паркинзи општина Центар каде директор е Претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Неофицијално, Захир Бекири откако бил приведен веднаш бил префрлен во затвор за да ја одлежува затворската казна која ја добил поради кривично дело изнуда.

Второ осомничениот е неговиот брат, Имер Бекири. Него му е одземен пасошот како мерка за обезбедување.

Трето осомничениот Аднан Сума исто така е дел од структурите на СДСМ. На официјалната фан страна на опозициската партија на Фејсбук може да се забележат негови фотографии со техничкиот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

adnan

Опозициската партија се уште официјално молчи за овој скандал во кој се вмешани највисоките партиски структури. СДСМ дневно во просек испраќа по 15 соопштенија, но од вчера до денеска партијата се уште не се огласила за овој скандал. Втор ден изостануваат и прес конференциите на високите партиски функционери за да не се случи на некоја од нив да добијат новинарско прашање поврзано со овој мега скандал.

Аферата со фалсификуваните лични карти денеска не се најде ниту во полицискиот билтен иако се приведени три лица и обезбеден е обемен доказен материјал. Техничкиот министер Оливер Спасовски не се појавува во јавноста, пишува порталот.

Најчитани вести