четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 58

„Република“: Во фокусот на Спасовски е да се скрие фалсификаторот?

Да­ли по нај­а­ви­те и лич­ни­те жел­би на Спа­сов­ски и овој слу­чај да „за­вр­ши“ кај Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, сегашин­от не­гов молк откри­ва де­ка ра­бо­та­та трг­на­ла во друг пра­вец?, пишува „Република“.

Република: Во фокусот на Спасовски е да се скрие фалсификаторот?

Република: Во фокусот на Спасовски е да се скрие фалсификаторот?

Поврзани вести

Ако по­сто­јат ин­ди­ции де­ка из­во­рот на фал­си­фи­ку­ва­ни­те лич­ни кар­ти со кои се­га СДСМ твр­ди де­ка е направе­на из­бор­на ма­ни­пу­ла­ци­ја, што истра­га­та го не­ги­ра, го но­си исти­от „пот­пис“ на афе­ра­та со пат­ни­те ис­пра­ви пред точ­но ед­на го­ди­на; то­гаш не смее да се доз­во­ли овој пат се­то ова да по­ми­не не­каз­не­то. Но, да­ли по нај­а­ви­те и лич­ни­те жел­би на Спа­сов­ски и овој слу­чај да „за­вр­ши“ кај Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, сегашин­от не­гов молк откри­ва де­ка ра­бо­та­та трг­на­ла во друг пра­вец?, пишува „Република“.

Да ба­ра­ше „Ре­пуб­ли­ка“ став од два­та пар­ти­ски цен­тра, па да до­би­е­ше спро­тив­ста­ве­ни од­го­во­ри, ра­бо­та­та ќе бе­ше раз­бир­ли­ва. Но, во раз­го­вор со пр­ви­от тех­нич­ки ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти да се до­би­јат од­го­во­ри на пра­ша­ња, за вед­наш по­тоа, во втор раз­го­вор, овој пат со за­ме­ни­кот, дов­че­раш­ни­от ми­ни­стер, да до­бие сосе­ма спро­тив­ни , но це­лос­ни од­го­во­ри, „истра­га­та“ во­ди кон мно­гу по­су­штин­ски пра­ша­ња за функционира­ње­то на чел­ни­кот на МВР, пишува Република.

– Сѐ уште ве­шта­че­ње­то не е за­вр­ше­но до крај – од­го­во­ри Спа­сов­ски, кој до­да­де де­ка за да знае до ка­де е вешта­че­ње­то ќе мо­ра да про­ве­ри во Од­де­лот за ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал. На пра­ша­ње­то – кон­ста­та­ци­ја­та де­ка мол­кот трае пре­дол­го зе­мај­ќи ги пред­вид по­со­чу­ва­ња­та од струч­ња­ци­те де­ка слу­ча­јот мо­же да се раз­јас­ни за најм­но­гу не­кол­ку де­на, Спа­сов­ски од­го­во­ри отсеч­но:

– Ка­ко што се до­би­ва­ат ре­зул­та­ти­те, та­ка ќе ги об­ја­ву­ва­ме – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ тех­нич­ки­от ми­ни­стер и ге­не­ра­лен се­кре­тар во СДСМ.

Кусо интервју со Спа­сов­ски за Република

Ре­пуб­ли­ка: Кол­ку се точ­ни об­ја­ве­ни­те ин­фор­ма­ции де­ка ве­шта­че­ње­то е за­вр­ше­но и де­ка та­ка­на­ре­че­ни­те фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти не се пу­ште­ни во про­мет?
Спа­сов­ски: Ве­шта­че­ње­то сѐ уште не е за­вр­ше­но до крај.

Ре­пуб­ли­ка: До ка­де е?
Спа­сов­ски: Тоа мо­ра да се про­ве­ри, да го до­би­е­ме из­ве­шта­јот од Од­де­лот за ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал за да ви­ди­ме што- ка­ко.

Ре­пуб­ли­ка: Вие го нај­а­ви­те ка­ко при­о­ри­те­тен, но дол­го трае мол­кот.
Спа­сов­ски: Ка­ко се до­би­ва­ат ре­зул­та­ти­те, та­ка ќе ги об­ја­ву­ва­ме.

Ре­пуб­ли­ка: Струч­ња­ци и ва­ши ко­ле­ги по­со­чу­ва­ат де­ка тоа се рас­чи­сту­ва мно­гу бр­гу, за еден ден.
Спа­сов­ски: Тоа ис­пи­ту­ва­ње трае за­тоа што тоа не е ма­ла ак­ци­ја ка­ко што мис­ли­ме ние.

Ре­пуб­ли­ка: До вас се до­ста­ве­ни са­мо 105 лич­ни кар­ти, не­ма ни­што од тој по­го­лем број што бе­ше спо­ме­нат?
Спа­сов­ски: Не знам јас кој спо­ме­нал, јас знам што е до­ста­ве­но ка­ко при­ја­ва во МВР.

Ре­пуб­ли­ка: Ко­ле­ги­те од „Фо­кус“ об­ја­ви­ја…
Спа­сов­ски: Тоа нив ќе ги пра­ша­те, не знам јас што има­ат и ка­ко има­ат, јас знам тоа што е до­ста­ве­но ов­де.

Ре­пуб­ли­ка: Ко­га мо­же да оче­ку­ва­ме ре­зул­тат, ко­га ќе за­вр­ши истра­га­та?
Спа­сов­ски: Ко­га ќе за­вр­ши истра­га­та!

Пра­ша­ње­то е зо­што Спа­сов­ски, кој бом­ба­стич­но ја нај­а­ви истра­га­та за овој слу­чај, мол­чи и ве­ли де­ка „истрага­та е во тек“. За раз­ли­ка од тех­нич­ки­от ми­ни­стер во МВР, Ми­тко Ча­вков, кој, па­тем, на днев­на ба­за е ин­фор­ми­ран со на­пре­ду­ва­ње­то со истра­га­та и ги по­со­чи на­о­ди­те од до­се­гаш­на­та истра­га.

– Од­го­во­ре­но е на клуч­но­то пра­ша­ње, кое е нај­су­штин­ско во овој слу­чај,

Најчитани вести