По европската и олимписката, Норвежанките се закитија и со светската титула

Така оваа скандинавска селекција во моментов е актуелен олимписки, светски и европски ракометен шампион и секако дека станува збор за една од најдоминантните селекции во сите спортови.

Норвешка славеше со 31:23, но Холандија нема многу причини за жалење. Го освои првиот медал на едно големо натпреварување и така се избори за пласман на Олимписките игри.

Херен беше најефикасна во шампионскиот состав со седум постигнати гола, а Холанѓанката Полман беше најефикасна на паркетот со осум постигнати гола.