НБА: Кам-бек на Кајри Ирвинг, Кливленд славеше против Филаделфија

Предводени од Леброн Џејмс, Кавси рутински си ја завршија задачата со екипата која на 29 меча забележа досега само една победа.

Кај Кливленд се врати и Кајри Ирвинг, кој за 17 минути на теренот запиша 12 поени и четири асистенции.

Џејмс постигна 23 поени, дополнети и со пет скока, додека Метју Делаведова постигна 20 поени. На спротивната страна, Нерленс Ноел дуелот го заврши со 15 поени и 12 скока.

Гостите беа успешни на синоќешните дуели, а победи остварија Милвоки, Атланта, Сакраменто и Њу Орлеанс.

Дејвис со 27 поени, за само 20 минути игра, ги водеше Пеликанс до победа во Денвер од 130:125, Сакраменто победи со дури шест играчи со двоцифрен ефект во тимот, а Атланта на Флорида беше подобра од Орландо со 103:100, благодарение на “распуканиот” Кајл Корвер.

НБА Резултати:

Бруклин – Минесота 85:100
Мајами – Портланд 116:109
Кливленд – Филаделфија 108:86
Феникс – Милвоки 95:101
Орландо – Атланта 100:103
Торонто – Сакраменто 94:104
Денвер – Њу Орлеанс 125:130