Продолжен рокот за пријавување за „Новогодишни бои на Скопје“

Пријавување за „Новогодишните бои на Скопје“ до недела
Пријавување за „Новогодишните бои на Скопје“ до недела

Градот Скопје ги информира заинтересираните, дека рокот за пријавување за учество на традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, се продолжува до 27.12.2015 година.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265,  од 9 до 16 часот, од 7 до 27 декември 2015 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на Интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Град Скопје  и година, традиционално избира:

  1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
  2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.

Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории,  исто така  ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година.

Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.