Политичката нестабилност во Европа – најголема закана за САД

Меѓу најголемите закани за националната безбедност и националните интереси на САД за следната година е политичката нестабилност во Европа, додека можниот конфликт меѓу Русија некои земји од НАТО се закана од умерено значење, покажале реултатите од „Истражувања за превентивни приоритети-2016“.

Во ова истражување, кое го објави америкнскиот Совет за меѓународни односи, меѓу првостепени закани за САД се: засилување на воените дејствија во Сирија, можни напади со голем број жртви во САД или некои нејзини сојузници, сајбер напади во инфраструктурата, тешка криза во односите со Северна Кореја.

На списокот со првостепени закани, повеќето од нив се поврзани со Блискиот Исток.

Покрај тоа, првпат во историјата на ова истражување, како закана се појавува „политичката нестабилност во Европа, приливот на мигранти, јакнење на социјалната нестабилност, терористички напади или насилство кон бегаците и мигрантите“.