Несторовски втор најдобар играч во хрватскиот фудбалски шампионат

Несторовски доби 36 гласови и беше втор во изборот, зад најдобриот фудбалер во Хрватска, Марин Томасов од Риека, соиграчот на Стефан Ристовски и Леонард Жута. Томасов доби 66 гласови, додека трет на листата, зад Несторовски беше Марко Пјаца, фудбалерот на загрепски Динамо.

Несторовски во оваа сезона е најдобриот стрелец во хрватската лига со 13 погодоци, а минатата сезона постигна 24 голови во дресот на Интер Запрешиќ и беше најдобар стрелeц во втората хрватска лига.

Неговите добри игри есенва му обезбедија и место во македонската репрезентација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.