Акција за садење дрвја во Чаир

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и директорот на ЈП„Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, денеска учествуваа во садењето 50 листопадни садници во Парк –игралиштето во Топанско Поле, како дел на есенската акција за садење 5. 000 дрвја на територијата на градот.

Денеска во рамките на есенската акција на Градот Скопје во која ќе бидат засадени  5.000 садници во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило на општините, во  Парк –игралиштето во Топанско Поле ќе се засадат 50 листопадни дрвца од видовите Platanus acerifolia (платан) 25 садници, лириодендрон 10 садници и липи 15 садници. Дел од садниците се од наше произвоство од расадникот во Бутел, а дел се увозни. Инаку, во општина Чаир во текот на акција ќе бидат засадени вкупно 305 листопадни садници во Парк Чаир, на булеварите Босна и Херцеговина и Македонско-косовска бригада и на улиците Лазо Трповски, Џон Кенеди, Кемал Сејфула,  Дижонска, Христијан Тодоровски –Карпош, како и на други улици и локации каде што стручните служби од Градот Скопје и од ЈП „Паркови и зеленило“ ќе утврдат дека има потреба и може да се засадат нови садници. Екипи на Градот  во месец октомври  во овој  Парк –игралиште поставија хидрантска мрежа со систем за полевање со 72 прскалки, а за реализација на овој проект беа издвоени 900.000 денари од Буџетот на Град Скопје. На терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“. Како што веќе најавивме акции за засадење планираме да организираме и во текот на 2016 година, пролетна и есенска, се со цел на граѓаните на Скопје да им  ги подобриме условите  за живот-  истакна градоначалникот Трајановски.

drva1

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити,  се заблагодари на Градот Скопје за садењето во неговата општина и нагласи дека со садењето во овој парк на граѓаните од околните згради ќе им се создадат попријатни услови за одмор и рекреација.