Огромен интересот за „Купи куќа за млади“

Граѓаните со огромен интерес за проектот „Купи куќа за млади“. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вчера на својот Фејсбук профил одговараше на прашањата на граѓаните поврзани со проектот.

stavreski

Граѓаните заинтересирани за проектот, изложувајќи го секој својот случај, го прашуваа министерот Ставрески дали може да аплицираат за проектот.

Ставрески најави и дека од среда оваа недела Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ ќе почне да ги прима граѓаните заинтересирани за проектот „Купи куќа за млади“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе прима граѓани секој работен ден до 15 часот.

stavreski1