Горбок го напушта Вардар – преминува во Пик Сегед

Левиот бек имаше договор со Вардар до јуни 2017 година, но на своја иницијатива побарал да си замине по завршувањето на оваа сезона.

Горбок, кој игра одлично за “црвено-црните” сезонава, немаше проблеми да си најде нов клуб, а од неколкуте понуди ја избра онаа од вицешампионот на Унгарија.

Среќен сум да потврдам дека од наредната сезона во нашите редови ќе го имаме и Сергеј Горбок. Мило ни е што сакаше да го раскине договорот порано за да ја продолжи кариерата со нас. Сметам дека ќе биде одлично засилување за нас, бидејќи станува збор за квалитетен играч кој има интернационална кариера зад себе, изјави Петер Ерно, спортскиот директор на Пик Сегед.

Пред две сезони, левиот бек премина во редовите на Вардар, а пред тоа го носеше дресот на Рајн Некар Левен, Чеховски Медведи, Горење Велење, Цеље, Запорожје и Аркатрон Минск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.