Тодоров: Нема да паднам на евтини политички трикови!

По барање на опозицијата, денеска собранието ја почна расправата за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров. Причините за барањето оставка од Тодоров, пред пратенииците го образложи Јагода Шахпаска, од СДСМ.
Во претпознатлив манир, кој во последниот период се провлекува речиси во сите јавни говори на опозицијата, таа, помалу театрално, посочи дека министерот треба да си оди, бидејќи, наводно, било готово се’.

Шахпаска во своето излагање побара оствка од Тодоров поради наводните системски проблеми и хаосот во здравството, за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, за недостигот од стручен медицински кадар, за нефункционаноста на проектот „Мој термин“, за долгите листи на чекање за операции, за ниските плати на клиничките лекари, немањето стратегија за развој, големите долгови на јавните здравствени устнови…

Таа само уште еднаш ги повтори неиздржаните поенти на опозициските гласноговорници во битката за дисквалификација и омаловажување на Тодоров, особено ставајќи акцент на смртта на пациенти,  што вообичаено, опозицијата ја користи за добивање на политички поени, без да се наведат вистинските причини поради што се случило тоа, а за што Тодоров и воопшто не е одговорен.

На почетокот на својот одговор на интерпеацијата, министерот посочи дека сето тоа што Шахпаска го истакна од говорница, го потсетува на едно време, кое за среќа одамна поминало, а кое беше сведок на висок морталитет, немање зрачна терапија, долги листи на чекање…тодоров

„Тоа беше време кое за среќа помина. Многу неточности кажавте намерно. За зрачна терапија се чека три дена во јавното здрвство. Јас нема да дозволем да паднам на евтини политички трикови, кои се ваша политичка матрица. Јас ќе зборам за проектите, за тоа што е направено досега“, посочи Тодоров.

За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата на РМ ја основа првата државна кардиохирургија. Вкупната инвестиција е во вредност околу 140 милиони денари.

Основана и успешно функционира Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата на РМ ја основа првата државна кардиохирургија. Вкупната инвестиција е во вредност околу 140 милиони денари“, истакна тој.

Од 2012 година, цената на лековите осум пати се намали

За повеќе од една година се извршени над 130 интервенции во државната кардиохирургија. Тодоров наведе и дека успешно функционира проектот Детска кардиохирургија. Околу 50 отсто од интервенциите се направени од македонски доктори, односно со учество на македонски кардиохирург, имајќи предвид дека проектот се реализира заедно со тим кардиохирурзи од САД. Досега се извршени над 160 кардиохируршки интервенции и околу 30 интервентни процедури, потенцираше Тодоров.

„Почнувајќи 01.02.2012 година досега извршени се 8 намалувања на цените на лековите со кои што се опфатени над 4.700 лекови и заштедени се над 33 милиони евра, рече Тодоров.

Тој на пратениците од СДСМ им порача дека овие пари порано оделе некаде и дека во нивно време тие знаеле каде завршуваат.

Парите кои се заштедени при намалувањето на цените на лековите се пренаменуваат за други здравствени услуги“, истакна Тодоров.

За проектот „Мој термин“, посочи дека е најцентарлизиран систем кој содржи над 1, 6 милиони електронски досиеја и систем што финкционира. Намалувањето на цените на лековите е системска мерка, и досега има осум намалувања на цените над 4.000 лекови и зашетедении се над 30 милини евра.

Тодоров, во својот одговор ги спомена и поливалентните вакцини кој кај нас сега се воведени за првпат. Потсети за проектите „Рурален доктор“, „Рурални аптеки“, „Домашна визита“, „Наш специјалист“. Истакна дека над 2.000 здравствени работници се едуцирале во странство, како и дека за првпат над 200 специјалисти од приватно се вратиле во јавното здравство.

Исто така, ја потсети опозицијата за големите реконструктивни зафати на голем број болници низ државата и набавката на медицинска опрема, како и за комплетната гасификација на комплексот на клиниката „Мајка Тереза“, во вредност од  48 милиони денари.

Во недостиг на време, Тодоров  пред пратениците истакна дека наведеното е само дел од сите сработени проекти на Министертсвото за здравство кои се во интерес на граѓаните.