Трибина на УМС во Битола: Тука сме да ги слушнеме идеите на младите

УМС на ВМРО-ДПМНЕ својата агенда за собирање на идеи во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ вчера ја продолжи во Битола.

Позитивно е што од почетокот на оваа кампања, односно пред две недели, кога ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина токму во Битола, до сега партијата промовираше 3 мерки поврзани со младите. –Во тие мерки се опфатени три категории на млади. Прва категорија се средношколците со мерката за средношколска среда, потоа студентите со бесплатниот превоз и третата а тоа се младите вработени кои преку проектот „Купи Куќа за млади до 35 години“ имаат можност да дојдат до свој сопствен дом, додаде Нелоски.

TRIBINA-UMS-BITOLA.jpg1_-640x360

Нелоски истакна дека очекува и во Битола да има добра дискусија на која ќе се соберат и ќе се слушнат многу идеи од младите.