сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 5

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака со измислени афери да ја погази народната волја

tribina-vmro-dpmne-bodgdanci-640x384

Поврзани вести

Продолжуваат трибините кои се дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја” во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната трибина во Богданци, која како и досегашните, има за цел да се соберат најквалитетните идеи од граѓаните, беше предводена од Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски на трибината, меѓудругото, истакна дека СДСМ сака со измислени афери да ја погази народната волја, но како што рече, токму народната волја ќе победи и ВМРО-ДПМНЕ ќе го има мнозинството во македонското Собрание.

-СДСМ со продуцирање афери како во 90-те години сака повторно да дојде на власт без да ја има поддршката од народот, истакна Милошовски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на сите сегменти, како што се образованието, здравството, но исто така ќе продолжи и поддршката за земјоделците.

Најголем интерес на ВМРО-ДПМНЕ, според Милошовски, е да има фер и демократски избори.

-Тие што немаат поддршка од народот не сакаат да има избори, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Милошовски.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој исто така присуствуваше на трибината во Богданци, потенцираше дека како никогаш до сега се инвестира во патната инфраструктура и се градат автопати низ цела Македонија.

Потсети дека е рехабилитиран патот Богданци- Гевгелија, се гради патот Велес- Кадрифаково, ќе се работи на Скопје- Куманово во двата правци…

Мисајловски ги информираше богданчани дека е пролонгиран е рокот за легализација на бесправно изградени објекти. Нови барања за легализација ќе може да се поднесуваат до први април , а до крај на 2016-та и елаборатите.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, рече дека од 2006 година само во општина Богданци во субвенции се исплатени повеќе од 5 милиони евра.

Информираше и дека во тек е изработка на детален урбанистички план за Стојаково.

Втората трибина закажана за денеска, ќе се одржи во 20:30 часот во Дом на културата во Валандово.

Најчитани вести