Привршува изградбата на гасоводот Клечовце – Штип

Пред девет месеци почна изградбата на магистралниот гасовод од кумановското село Клечовце до Штип, проект вреден 75,7 милиони долари. Под земја се поставени 50 километри од цевките на магистралниот гасовод. Предвидените 61 километар од гасоводот би требало да завршат во јуни 2016 година.
Цевките со дијаметар од 508 милиметри поминуваат низ општините Свети Николе и Штип. Капацитетот на овој гасовод ќе биде 105.500 метри кубни гас на час.

Проектот претставува и подмирување на клириншкиот долг на Руската Федерација кон нашата земја, ако се земе во предвид фактот дека 60 милиони долари од средствата произлегуваат од овој извор.

Изведувач на гасоводот е руската фирма „Стројтрансгас“.