Утрово најзагаден воздух во Битола

Загаден воздух со концентрации на ПМ10 честичките над 180 микрограми на метар кубен утрово има во Битола, Тетово, Скопје и Кичево. Над дозволените се и концентрациите во Кавадарци и Кочани.

Мерната станица во Битола во девет часот утрово измери концентрации на ПМ10 честички од 397 микрограми, во Тетово 297, а во Кичево 183. Од скопските општини најзагадено е во Гази Баба со 323 микрограми на метар кубен, потоа кај Ректоратот каде што се измерени 285 микрограми на метар кубен, во Лисиче 219, во Центар 188. Во Карпош последните мерења се од пет часот утрово кога се измерени 85 микрограми.