Нафтата најевтина во последните 11 години

Цента на суровата нафта „брент“ падна на најниско ниво во последните 11години, во услови кога презаситениот глобален пазар е соочен со најавата за обновување на извозот на нафта од САД.

Нафтата од типот “брент“ поевтини за 44 центи на 36,44 долари за барел, додека американската “лесна“ нафта(WTI) за испорака во јануари поевтини 24 центи на 34,49 долари за барел, пренесува агенцијата Франс прес.

„Нема никакви значителни показатели за забрзување на побарувачката и не воочивме никакво намалување на производството. Ништо навистина не се промени на пазарот на нафта во изминатите неколку месеци, освен цената“, изјави главниот аналитичар на сингапурската компанија CMC Markets, Рик Спунер.

Од летото 2014 година, кога цената на нафтата беше над 100 долари за барел, вредноста на таа суровина падна за над 60 отсто. Цените на нафтата особено паднаа откако на 4 декември ОПЕК одлучи да не го намалува рекордното ниво на производство и покрај слабата побарувачка и прекумерните глобални залихи.

Американските закондодавци исто така минатата недела ја укинаа 40 годишната забрана за извоз на нафта, што претставува историска пресвртница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.