НБА: Оклахома предводена од Вестбрук и Дјурент ги совлада Клиперси

Оклахома славеше со 100:99, а иако потфрли во шутот од поле (10/24), Дјурент блесна во самиот финиш, кога се одлучуваше победникот.

При водство на Клиперси од 99:98, искусниот крилен играч погоди преку човек со една рака за во последниот напад да го блокира обидот на Крис Пол и со тоа да ја запечати победата на својот тим.

Дјурент го заврши натпреварот со 24 поени, 9 скока и 7 асистенции, а поефикасен од него беше само Расел Вестбрук со 33 поени. На спротивната страна прв играч беше Крис Пол со 33 поени и десет асистенции, но тој на крајот се претвори во трагичар.

НБА Резултати:

ЛА Клиперс – Оклахома 99:100
Сан Антонио – Индијана 106:92
Јута – Феникс 110:89
Њујорк – Орландо 99:107
Бостон – Минесота 113:99
Хјустон – Шарлот 102:95
Атланта – Портланд 106:97
Чикаго – Бруклин 102:105
Вашингтон – Сакраменто 113:99

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.